Бесплатно научете да цртате со Drawabox

Кога се работи за учење како да се црта, на располагање имате бројни сајтови и туторијали кои, првенствено се наменети за помладата публика. Возрасните почетници можат да извлечат нешто и од ваквите сајтови. Drawabox, меѓутоа, е веб сајт кој е наметнет и на возрасни аматери и професионални лица.

Лекциите се бесплатни и содржат можности ем за теорија, ем за пракса преку запознавање со клучните техники кои се потребни за цртање. Низ лекциите, ќе се запознаете со механиките за започнување форми, нивно понатамошно оформување, како и земање во предвид перспективи и тродимензионални околини.

Завршните продукти можете да ги поставите на сајтот за да бидат гледани од останатите посетители. Доколку не се чувствувате спремни за ова, можете само да ги набљудувате изработките на останатите, да им се восхитувате, или потајно да им го проколнувате талентот.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии