Бесплатно гледајте над 5 милиони видеа на MIA

Internet Archive е феноменален веб сајт каде можете целосно да се изгубите во бројните мултимедијални содржини. Ова е сајт кој често го споменуваме, првенствено поради бројните класични игри кои можете да ги играте на модерни системи. Имено, Internet Archive е еден од најбрзите и најефикасните начини да Amstrad CPC игри, Commodore 64 и ред други игри од ретро преносливите направи. Но, ова е и дом на повеќе од 5.4 милиони видеа.

Moving Image Archive ви дозволува бесплатно да стримувате или преземате видеа. Најдоброто во сево ова е тоа што на располагање имате и околу 6500 филмови. Филмовите највеќе ќе бидат ценети од ретро филмоманите. Причината поради која се бесплатни е тоа што на повеќето од нив одамна им се истечени правата.

Исклучително бевме задоволни од прегледување неколку филмови со Чарли Чаплин, како и со Џон Вејн, но тука некаде наидовме и на актерите Рој Роџерс, Фред Астер и, секако, Бастер Китон. Љубителите на класични хорор изданија никако не би требало да ги заобиколат Nosferatu, Bride of Frankenstein, и Night of the Living Dead.

Со оглед на тоа што некои филмови се стари и до 130 години, квалитетот може да биде исклучително лош, но ние не дозволивме тоа да го наруши нашиот севкупен впечаток.

Не заборавајте и на SnagFilms, интересна и, пред сè, бесплатна алтернатива на Netflix.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии