Бесплатно дружење со Overwatch, Killer is Dead, Rainbow Six: Siege и многу повеќе

Искрено се надеваме дека вашите Red Bull резерви се надополнети и спремно чекаат незаборавно дружење со некоја од следниве бесплатни наслови!

Killer is Dead – Nightmare Edition e бесплатна во наредните 24 часа преку Humble Bundle, во чест на нивната штотуку започната есенска распродажба. Се работи за визуелно исполнителна  hack and slash игра со брза, хумористична приказна, преубави локации кои произлегуваат од посебна, естетска насока и дополнителни споредни мисии кои безмилосно ќе ги обезглават и најмалите траги на монотонија. Во моментот кога ќе го активирате клучот на Steam, играта е ваша за секогаш.

Overwatch е една од најиграните игри во моментов. Со желба да се зголеми монументалната бројка за уште некоја нула, студиото одново ги отвора портите за сите оние кои се заинтересирани за мрежна акција во прво лице. Од 17 до 20 ноември, хитот на Blizzard ќе ви дозволи да заиграте со сите 26 херои низ 16 мапи и во некој од режимите како Quick Play, Custom Games и Arcade. Повеќе детали имате тука. За играње, потребно е инсталирање на Battle.net клиентот.

Оние кои се по тактички шутери, би можеле да го насочат вниманието кон Rainbow Six Siege и бесплатниот викенд кој овозможува целосна проверка на содржините. Во случај да ви се допадне искусеното, играта се продава и со 50% попуст. Ден по завршување на бесплатниот викенд, ќе стапи на сила новата содржина, Operation White Noise. Оваа надградба ќе донесе нова мапа и три нови оператори. Повеќе за новото надополнување имате тука! На Uplay, пак, играта се продава со 60% попуст!

Endless Space 2 е надвор од раниот пристап, но транзицијата не беше ниту безболна ниту пак пречекана со раширени раце. Со текот на времето, играта доби значителни надградби и е достоен наслов за сите фанови на 4Х стратегии. Бесплатниот пробен викенд е замислен да го докаже ова на што повеќе гејмери и да ја понуди играта со 50% попуст. Дополнително, што повеќе се игра Endless Space 2 за време на викендов, толку повеќе бесплатни содржини ќе бидат вметнати во идното DLC, кое исто така ќе биде бесплатно за сите.

SpellForce 2 – Anniversary Edition е бесплатна преку GameSessions https://gamesessions.com/zz/Game/SpellForce2AnniversaryEdition. Се што треба да направите е да ја играте пет минути и играта автоматски ќе стане ваша преку оваа помалку позната платформа. SpellForce 2 – Anniversary Edition се испорачива со SpellForce 2 – Shadow Wars и проширувањето SpellForce 2 – Dragon Storm. Ваквиот коктел знае да понуди над 90 часа забава.

Пријатен викенд!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии