Бесплатно домашно обезбедување со стари iOS направи

Во случај да имате стари iOS направи, можете да им најдете второстепена корист и да ги искористите за надгледување на вашиот дом и зголемување на безбедносниот фактор.

Manything е интересна кованица од зборовите monitor и anything. Исто така е исклучително корисна и целосно бесплатна апликација која ви е потребна доколку сакате да им вдахнете втор живот на застарените направи. Се препорачува да ја инсталирате Manything на направи кои имаат iOS 8.0, или понова верзија. Направите кои функционираат на iOS 6 или iOS 7 исто така можат да ви послужат но првин треба да ја инсталирате апликацијата на поновата направа.

За користење на услугите за надгледување на Manything потребно е да направите акаунт откако ќе ја инсталирате апликацијата на првата направа. Потоа изберете дали сакате таквата направа да се користи како камера или како направа за прегледување што другите камери снимаат. Во вториот случај, потребно е да ја изберете опцијата Viewer. Повторете го овој процес на вашата друга направа и во моментот кога ќе го стиснете црвеното копче, ќе можете да започнете со стримување во живо на вашите лично простори.

Немате никакви скриени трошоци доколку се решите да ја користите Manything само за една камера. За повеќе, меѓутоа, ќе треба да одберете некој од понудените претплатнички пакети. Чисто за пример, плус уште една камера чини 6 долари месечно.

Бесплатната верзија е повеќе од способна да понуди феноменални можности за надгледување. Можете да наместите да бидете известени секој пак кога ќе се детектира некој визуелен или аудио сигнал, како во ситуации кога некој ќе влезе или ќе направи некој звук. Дополнително, можете да наместите стримувањето да биде со послаб квалитет, како не би го трошеле премногу вашиот интернет од претплата секојпат кога сакате да проверите од работа што прават вашите деца дома.

Manything има бројни предности, но и еден недостаток, а тоа е вампирската потреба за немилосрдно цицање на вашата батерија.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии