Бесплатните неограничени повици преку Google Meet ќе продолжат до крајот на јуни

На крајот на март, требаше да се ограничат бесплатните повици на времетраење од еден час. Таквото нешто, меѓутоа, не стапи на сила и сега корисниците имаат бесплатни и неограничени повици до крајот на јуни. Под неограничено времетраење се мисли на тоа дека повиците кои ги правите преку Google Meet можат да траат до 24 часа.

Ваквото одложување за 60 минутното ограничување се пролонгира по втор пат. Прв пат требаше да стапи на сила на крај на септември, но го пролонгираа до крајот на март.

Доколку го користите Google Meet за разговори кои се подолги од 60 минути, пролонгирањето до крајот на јуни се чини како одлична вест. Се претпоставува дека одложувањето е поради константните притисоци од пандемијата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии