Бесплатни се сите квестови за Lord of Rings Online

Lord of Rings Online e една од најпопуларните MMO игри која има огромна и лојална база од фанови. За играта моментно се работи на целосно нова експанзија која се вика Fate of Gundabad. Во чест на тоа, сите пакети со квестови кои се моментно достапни за играта (а, достапни се многу!) се бесплатни за сите гејмери кои до 30 ноември ќе го активираат следниот код:

LOTROQUESTS2021 

Верувале или не, горниот купон ги отклучува сите овие содржини за нула денари:

  • Quest Pack: Central Gondor
  • Quest Pack: East Gondor
  • Quest Pack: West Gondor
  • Quest Pack: Wildermore
  • Quest Pack: Angmar
  • Quest Pack: Enedwaith
  • Quest Pack: Eregion
  • Quest Pack: Evendim
  • Quest Pack: Forochel
  • Quest Pack: Eriador Bundle
  • Quest Pack: Misty Mountains
  • Quest Pack: North Downs
  • Quest Pack: Trollshaws
  • Quest Pack: Lothlorien
  • Quest Pack: Great River
  • Quest Pack: Old Anórien
  • Region Pack: Far Anórien
  • Quest Pack: March of the King
  • Quest Pack: Battle of the Black Gate
  • Quest Pack: Legacy of the Necromancer
  • Quest Pack: Where Dragons Dwell
  • Quest Pack: The Vales of Anduin
  • Quest Pack: Mists of Wilderland
  • Quest Pack: The Wildwood
  • The Further Adventures of Bilbo Baggins
  • Quest Pack: The Blood of Azog

Ова е исклучително огромна вредност која би ве чинела, како што викаат американците, и рака и нога доколку би пробале да ги купите по нормална цена.

Ова е само дел од моментната промоција која е замислена да изгради хајп околу најновата експанзија. Имено, за одреден период, можете да купите одредени квестови од експанзијата за само 99 поени, што е запрепастувачки ниско. Се работи за следниве содржини:

  • Expansion Quests: Mines of Moria
  • Expansion Quests: Siege of Mirkwood
  • Expansion Quests: Rise of Isengard
  • Expansion Quests: Riders of Rohan
  • Expansion Quests: Helm’s Deep
  • Instance Cluster: Rise of Isengard
  • Instance Cluster: Riders of Rohan
  • Expansion Quests: Mordor

Не знаеме за вас, но ние веќе почнавме со инсталирање на Lord of Rings Online!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии