Бесплатни онлајн курсеви со FutureLearn

Желните за знаење и строгите верници во изреката дека човекот учи додека е жив би сакале да ги упатиме на веб дестинација која е како раскрсница за образовна надградба – FutureLearn. Оваа платформа ќе ви понуди бројни и најразлични онлајн курсеви од водечките универзитети и образовни институции и тоа во форма и темпо кое вас највеќе би ви одговарало.

„Веруваме дека учењето треба да биде пријатно, социјално искуство“, објаснуваат од онлајн академијата и додаваат дека нивните курсеви се достапни преку мобилен, таблет или десктоп, а пружаат можности да се втурнете во свежи откритија и да формирате нови идеи.

futurelearn

Заинтригирани од ваквото амбициозно ветување, прошетавме низ тринаесетте категории, како бизнис и менаџмент, наука, математика и технологија, учење и студирање и наидовме на доста интересни курсеви.

На кој начин функционира FutureLearn?

Курсевите се со различно времетраење, но повеќето се завршуваат во временска рамка од шест до десет недели. Ваквата поделба е намерна и има за цел да ве запознае со одредени активности кои треба да ги комплетирате до крајот на едната недела, а почеток на другата. Подразбирливо, на „учениците“ кои сe преплавени од помислата за ваква подолготрајна посвета, би сакале да им советуваме да почнат првин со некој од пократките курсеви, кои обично бараат две до три недели. Знаењето се впива во видео, аудио и текстуална форма, а за додатна потврда дека предадените информации се научени, ви стојат на располагање кратки квизови.

Во поглед на социјализација и дружење со останатите ученици имате алатки за оставање коментари, започнување и вклучување во дискусии, како и следење на одредени ученици и нивните активности.  За време на клучни моменти при следењето на курсот, ќе ви бидат дадени тестови кои можете да ги „преполагате“ два пати. При првото полагање, секој точен одговор дава три поени, на првото преполагање, точен одговор дава два поени, а на последното преполагање само по еден.

Последниот изборен чекор е да платите за да добиете доказ за сработеното. Таквото нешто би можело да е сертификат за достигнување или изјава за учество, под услов, нормално, да имате комплетирано одреден процент од курсот и тестовите.

Пријатно учење на FutureLearn!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии