Бесплатни Microsoft Fundamentals испити за студенти

Microsoft и PearsonVUE доделуваат бесплатни Microsoft ваучери на студенти за основните испит, плус MeasureUp Practice Test односно тест за да се подготвите за испитот.

Ваучерот можете да го искористите за следниве испити:

Ваучерот можете да го искористите на два начини, односно ако не го положите испитот што сте го избрале можете уште еднаш со истиот ваучер да земете ReTake на испитот или ако го положите од прва, да одберете уште еден додаден испит од листата погоре и да го полагате и тој. Еден испит со ReTake шанса или пак два различни испити.

Се што треба да направите е да се регистрирате на следнава страна со вашиот студентски имејл.

Од кога ќе ја пополните формата за кратко време ќе добиете имејл со вашиот код за ваучерот за испитот и за Practice тестот од MeasureUp. Ќе треба да се логирате или направите сметка на PearsonVUE и да го одберете саканиот испит, каде на крајот при регистрацијата ќе го внесете ваучерот за да може да го закажете. Испитот се одвива онлајн со проктор од другата страна на PearsonVUE.

Промоцијата трае до 1-ви јули 2021, односно до тогаш треба да го имате закажано испитот.

На следнава страна можете повеќе да прочитате за Microsoft Fundamentals испитите и сертификатите: https://docs.microsoft.com/en-us/learn/certifications/browse/?type=fundamentals од кога ќе одберете еден од испитите под Skills Measured имате секција која ви дава како да се подготвите за материјалот и за полагањето на испитите. Сите од овие испити може да ги подготвите бесплатно онлајн преку платформата на Microsoft Learn, која има за секој испит целосен Learning Path курс.

Ако имате било какви прашања или проблем при регистрирање на формата слободно пишете имејл на [email protected] .

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии