6 гејминг предлози за бесплатна викенд забава

Во случај да сте затворени дома викендов и да барате огромна забава без потреба за лична социјализација или физички контакт со вашиот паричник, ова се игрите кои и те како ќе ви излезат во пресрет.

Anno 1800: Uplay – Во чест на штотуку започнатата пролетна распродажба и најавата за уште додатоци за Anno 1800, Ubisoft ја прави најновата игра од овој стратешки серијал бесплатен за сите, но само за викендот. Феноменален избор за потопување во зората на индустриското доба и добивање целосна контрола за обликување на вашиот свет, дали преку иновација, истражување, или, пак, преку водење брутални кампањи за светска доминација.

Call of Duty: Warzone: Blizzard Battle.net /PS4/ Xbox – Ако веќе морате да играте Battle Royale игра викендов, нека биде тоа најновиот продукт на Activision. За многумина, Warzone веќе се постави како магичен коктел кој ги содржи најдобрите состојки од Apex Legends, PlayerUnknown’s Battlegrounds и, секако, Fortnite. На мапа со 150 играчи, дел сте од тричлен тим и имате за задача да останете така сè до самиот крај. Собирајте оружја, муниција, бомби и опрема на постапокалиптична мапа и убијте сè што ќе се осмели да мрдне. Дефинитивно проверете го и Plunder модот каде тимови од играчи се натпреваруваат да соберат што е можно повеќе пари за 30 минути.

Anodyne 2Epic Games Store – Return to Dust ви дозволува да трчате, скокате и возите низ огромни предели, како и да запознавате незаборавни, но ексентрични ликови кои би можеле да ви помогнат конечно да го спасите светот од опасните последици од Nano Dust. Anodyne 2 е бесплатна засекогаш, штом ја активирате на вашиот акаунт.

A Short HikeEpic Game Store – Кратка, но крајно релаксирачка игра која изобилува со ветувања за релаксирачко искуство. Преку ретро-инспирирана графика, планинарете, качувајте се и летајте низ планински предели, дружете се со други планинари и откривајте скриени богатства. A Short Hike е бесплатна засекогаш, штом ја активирате на вашиот акаунт.

MutazioneEpic Game Store – Симпатична инди авантура каде навлекувате во мистериозната заедница на Mutazione како би можеле да се грижите за вашиот дедо. Арно ама, она што не знаете е дека натприродното има пуштено длабоки корени и неизбежно е откривање магични градини, нови пријатели, но и исклучително стари тајни кои се закануваат значително да ги поместат границите на вашите верувања. Mutazione е бесплатна засекогаш, штом ја активирате на вашиот акаунт.

Doodle God: Indie Gala – Инди загатка за забава во кратки дози. Користејќи логика и започнувајќи со едноставни елементи, создавајте свет со најразлични суштества и предмети. Во случај да не сакате да играте сами, можете да ги предизвикате пријателите преку онлајн режим за играње. Играта е ваша засекогаш, под услов да ја повлечете за време на промо периодот.

Седете дома. Играјте игри. Уживајте! <3

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии