Сите оние дизајнерски и ИТ компании кои немаат голем буџет и не можат да си го дозволат луксузот каков што е сертифицираниот софтвер, можат слободно да се потпрат на можностите кои им ги нуди слободниот софтвер. Постојат навистина одлични бесплатни алтернативи кои би ги извршувале истите задачи што ги нудат и скапите софтвери. Во овој текст ќе понудиме одлични замени за скапите и добро познати софтвери на Microsoft.

1. Уредување на документи (Microsoft Office)

Еден од најкористените производи на Microsoft е комплетот алатки за уредување на документи, Microsoft Office. Овој софтвер знае да чини навистина многу, и доколку сакате да заштедите, тогаш LibreOffice е вистинскиот избор.

LibreOffice е многу сличен со Microsoft Office, разликувајќи се драстично само во имињата. Па така, Microsoft Word се вика Libre Writer, Microsoft Excel е Libre Calc, Microsoft PowerPoint е Libre Impress, додека Microsoft Access е Libre Base.

Интересно за Libre алатките е тоа што имаа и свои уникатни карактеристики, како што е можноста Libre Writer да се користи како основен WYSIWYG уредувач, додека Libre Calc вклучува систем кој автоматски дефинира серија на графикони. LibreOffice, како и скоро секој слободен софтвер, може да се користи на било каков оперативен систем.

Други алтернативи се Google Docs ,  Zoho Office и секако Open Office како одлична алтернатива.

2. Софтвер за менаџирање на проекти (Microsoft Project)

Софтверот на Microsoft за менаџирање на разни проекти, Microsoft Project, може без проблем да биде заменет со бесплатната веб апликација Project Open, која ја врши истата работа, и плус уште нешто.

Project Open овозможува планирање на проекти, менаџирање на ресурси, да се импортираат и експортираат проекти од други софтвери за менаџирање, како што се OpenProj, GnattProject и Microsoft Project. Покрај ова, Project Open исто така овозможува менаџирање на ИТ услуги, финансиски менаџмент, менаџирање човечки ресурси, и многу други опции кои Microsoft Project ги нема.

Слична алатка на Project Open e OpenERP, софтвер кој вклучува продажба, CRM, менаџирање на проекти, менаџирање на складови, сметководство, и човечки ресурси.

Други алтернативи се OpenProj и Gantt Project.

3. Софтвер за e-mail и календар (Microsoft Outlook)

Одлична бесплатна алтернатива за Microsoft Outlook е Mozilla Thunderbird, апликација која може да биде искомбинирана со плагините за календар, Lightning или Sunbird. Thunderbird, за разлика од Outlook е далеку побрза, и има одлични филтри за непотребна пошта, HTML поддршка, дозволува повеќе идентитети, поддршка за POP и IMAP, како и одлични опции за безбедност.

Thunderbird исто така има и одличен систем за пребарување, па така веднаш до листата на добиени резултати, се појавуваат сите луѓе кои се спомнуваат во пораките добиени од пребарувањето, ова овозможува понатамошно прочистување на резултатите со само кликање на имињата. Уште една интересна карактеристика е потсетникот за додатоци. Доколку во пораката стојат зборови како „attachment”, „attached,” or „enclosed” Thunderbird дава предупредување дека треба да се закачи документ.

6 коментари на “Бесплатни алтернативи на популарeн софтвeр oд Microsoft

  1. не се бесплатни, слободни се. тоа е основна и многу значајна разлика. дека се бесплатни,
    тоа е помалку вежно и е плус. плус има поддршка од заедницата, а не од фирма. плус нема
    скриени багови, финти, нема калкулации, финансиски компромиси, скриени конкурентски
    некомпатибилности, ….. btw libreoffice е подобар од openoffice

  2. колку сакате пишете, ама Microsoft Office нема квалитетна замена. Можеби се бесплатни, но не значи и дека вршат работа!

    1. Му помина времето на OpenOffice. Откако Оракл го купија во 2010, програмерите кои го развиваа OO формираа сопствена фондација (The Document Foundation) и продолжија да го развиваат исиот софтвер, но под друго име – LibreOffice.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии