Вчера пишавме текст за одлични бесплатни алтернативи на неколку софтвери од Microsoft, а денес ќе продолжиме со слободниот софтвер, но овој пат со алтернативи за комплетот алатки на Adobe. Најкористената алатка на Adobe е софтверот за манипулација на фотографии Photoshop, и само оваа алатка може да чини над 600 долари, а сакате да го купите целиот комплет алатки на Adobe, тогаш таа цена ќе биде далеку повисока.

1. Adobe Photoshop

Adobe Photoshop е најдобриот софтвер за манипулирање на фотографии, меѓутоа со оглед на својата бесплатна природа, GIMP претставува одлична замена за Photoshop. Од бесплатните софтвери, GIMP e убедливо најдобар софтвер. GIMP е достапен за Windows, Mac OS X, и се разбира Linux. Покрај можностите за детално обработување на фотографии и слободно цртање, GIMP овозможува менување на големина, уредување и кропирање фотографии, комбинирање на повеќе фотографии, како и менување на формати на документи. Со GIMP исто така можат да се креираат и анимирани фотографии во повеќе формати преку плагинот за анимација.

Исто така добра алтернатива е и GIMPShop, што е всушност модификација на GIMP, и има за цел да им овозможи на корисниците да се осеќаат исто како да користат Photoshop. Ги содржи сите карактеристики на GIMP, со таа разлика што има подобрување во интерфејсот. Структурата на менито во GIMPShop е скоро иста со онаа од Photoshop, како и терминологијата.

Уште една солидна алтернатива е веб апликацијата Pixlr Editor која со одличниот интерфејс потсеќа многу на Photoshop, и со оглед на тоа што е бесплатна веб апликација, нуди голем број на опции, како што се леери, филтери, стилизирање, и многу други ефекти. Интересното е тоа што не е потребна регистрација за да можете да уредувате фотографии.

2. Adobe Illustrator

Adobe Illustrator, е софтвер на исто рамниште со Adobe Photoshop, како по користеност така а и по цена, па затоа Inkscape би можел одлично да го замени овој софтвер за векторска графика. Inkscape, исто како и GIMP, работи на Windows, Mac, и Linux, и ги нуди скоро истите оппции како и Illustrator, меѓу кои провидност, градиенти, експортирање PNG, и многу други. Единствен недостаток на Inkscape е тоа што се’ уште не подржува анимација, но затоа пак има повеќе јазична поддршка за комплексни скрипти, опција која не може да се најде во повеќето комерцијални софтвери за векторска графика.

3. Adobe InDesign

Кога станува збор за креирање магазини, книги, весници, Adobe InDesign е софтверот кој најчесто се користи. Исто како и другите Adobe алатки, InDesign знае да држи цена, па затоа најдобрата бесплатна алтернатива е Scribus. Овој софтвер е навистина лесен за употреба, функционален е, и е достапен за Windows, Mac OS X, и Linux. Scribus содржи голем дел од главните карактеристики на InDesign. Недостатокот на Scribus е тоа што не прифаќа документи со InDesign формат. Со Scribus можат да се креираат анимирани и интерактивни PDF презентации и формулари. Овој софтвер е достапен на 24 јазици.

4. Adobe Flash

Доколку сакате да креаирате флеш анимации, тогаш софтверот Synfig Studio е вистинската замена за Adobe Flash. Овој бесплатен 2D анимациски софтвер може да крира анимации со филмски квалитет користејќи вектори и битмапи. Synfig е апликација која овозможува да се дизајнира анимација во Synfig Studio, и подоцна да се рендерира со Synfig Tool на друг појак компјутер без поврзан графички дисплеј. Со Synfig корисниците не мораат да го цртаат секој кадар, а благодарение на можноста да симулира меко прелевање на бои користејќи искривени градиенти, корисниците исто така не мораат и да го цртаат тоа прелевање во секој кадар. Synfig исто така нуди и голем број на ефекти кои се независни од резолуцијата.

5. Adobe DreamWeaver

Има поголем број на бесплатни алтернативи за Adobe DreamWeaver, меѓутоа Aptana Studio е можеби најистакнатиот од сите софтвери за креирање веб страни. Aptana Studio има голем број на опции, меѓу кои се асистентот за кодови кои дава предлози за тагови и синтакса, алатката за дебагирање која служи за забележување можни грешки во кодот, како и интегрираниот веб прелистувач кој служи за прегледување.

Aptana Studio поддржува многу програмски јазици, меѓу кои JavaScript, AJAX, PHP, Ruby on Rails, како и HTML 5 и CSS 3. Aptana исто така овозможува да се креираат и апликации за iPhone. Aptana си има свои недостатоци, како што е недостатокот на WYSIWYG уредувач, меѓутоа надокнадува со тоа што сите плагини се интегриани во софтверот, па нема потреба посебно да се преземаат и инсталираат.

Други бесплатни алтернативи на Adobe DreamWeaver можат да се спомнат Quanta Plus, KompoZer, Nvu и BlueWish.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии