Бесплатна VPN конекција со ChrisPC

Една од трите најголеми предности на прелистувачот Opera е имањето вградени можности за виртуелна приватна мрежа. Но, доколку не сакате да го замените вашиот моментен прелистувач со Opera, а сакате максимално да ги извлечете предностите на VPN, би можеле да ја проверите алатката ChrisPC.

ChrisPC Free VPN Connection ќе ви дозволи да го спречите шпионирањето од трети лица и компании. Паралелно со ова, ќе можете и да пристапите кон сајтови кои се блокирани поради вашата географска местоположба. Се работи за релативно нова алатка од ChrisPC. Со неа, добивате пристап до над 90 бесплатни VPN сервери во Велика Британија, Америка, Германија, Канада, Франција, Русија, Сингапур, и Холандија. Саканата земја ја избирате преку паѓачкото мени Select VPN Country, а VPN сервери бирате од паѓачкото мени VPN Server. Под овие две мениа, имате Server Information каде можете да се информирате кој го овозможува серверот и со кои предности, односно недостатоци се одликува, како , дали има автоматско блокирање, или услови за нелегална активност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии