Бесплатна e-книга – зад сцените на League Of Legends

Книгите кои одат зад сцената и покажуваат како игрите, ликовите и елементите се развивале отсекогаш биле интересно пропратно средство кое дава интересен увид во вашите омилени наслови. Ваквите Art Books, меѓутоа, отсекогаш биле и исклучително скапо задоволство.

cover-lol

League of Legend реши да ги изненади фановите со книга од ваков тип во електронска и целосно бесплатна форма. Структурата на The Art of League of Legends е иста како кај печатените изданија и дава детални и интересни информации за бројните шампиони, а и не заборава да посвети цели оддели и за Summoner’s Rift, е-спортот поврзан за играта како и бројните изгледи.

Дефинитивно прелистајте ја книгата и доколку ве заинтригира виденото и посакате инстант доза од исполнителна моба акција, која исто така е бесплатна, упатете се тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии