Бесплатен викенд за LawBreakers

Да се каже дека на Lawbreakers не ѝ оди онака како студиото сака би било потценување од епски пропорции. На овој научно-фантастичен шутер за повеќе играчи се работи уште од 2014 година и тоа од креаторот на Gears of War, Клиф Блезински, и ко-основачот на Guerrilla Games, Арџан Брисеј. Спој од ваквите невообичаени таленти вроди производ кој дише со брзоплети, грациозни, експлозивни и оригинални гејмплеј механики. Ова, меѓутоа, не успеа да го издигне LawBreakers и да заинтригира доволен број играчи. Токму поради тоа, не изненадува фактот дека играта излезе во август годинава, а студиото веќе го најави вториот бесплатен викенд, како и попуст од 50% за играта.

Бесплатната проверка на играта започнува од 9 ноември и ќе трае се до понеделник, 13 ноември.

LawBreakers навистина не е лоша игра, особено за оние кои уживаат во уникатни мрежни пресметки. Но бројот на играчи кои се задржуваат во играта паѓа на зашеметувачки нивоа. Во август гостуваат околу 660 играчи во кое било време, а во септември, просечната бројка падна на 163 играчи, за да во октомври до достигне дното со само 10 играчи. Многумина гејмери велат дека не им се допаѓаат промените кои се имплементираат со закрпите и промената на ритамот која се создаде откако се овозможи самообновувачкото здравје, а се влошија системите за пронаоѓање соодветни мечови. Доколку сеуште не сте ја провериле играта, добивате втора шанса викендов!

Во меѓувреме, погледнете за деталите за закрпата 2.0.1 и за најновите збиднувања на студиото Boss Key Productions.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии