Бесплатен викенд за Ghost Recon Wildlands

За време на претстојниот викенд, гејмерите ќе можат да го проверат тактичкиот шутер во отворен свет, Ghost Recon Wildlands.

Играта ќе биде бесплатна за играње од четврток до недела, за сите оние кои сакаат да ја проверат целата основна игра, како и новиот PvP team deathmatch, наречен Ghost War. Ghost War модот од неодамна стана бесплатен за сите што веќе ја поседуваат играта. Се работи за режим каде тим од четворица се спротивставуваат на друг тим од четворица, со избор на 12 класи и тактички можности за оживување пријатели и одбележување непријатели.

За време на пробниот викенд, заинтересираните ќе можат да ја купат играта со 50% попуст, односно за 30 евра. Сега-за-сега, промоциите се однесуваат за преку клиентот на Ubisot, Uplay и се уште не се знае дали ваквото нешто ќе биде овозможено и преку платформата на Valve, Steam.

Ghost Recon Wildlands спремно чека предвремено преземање од тука!

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии