Бесплатен пристап до 25 милиони бази на податоци

Во случај да сте академски истражувачи, деловни аналитичари, студенти, или научници за податоци, тогаш дефинитивно треба да сте запознаени со најновиот проект на Google кој, неодамна излезе од бета тестирањето.

Преку следниот линк, на располагање имате над 25 милиони бази на податоци од најразлични сфери. Македонија се чини дека никако не е исклучок.

Резултатите можете да ги филтрирате да прикажуваат само одредени форми, како табели, документи, слики, текст, или архива. Ваквите информации можете да ги подредите според минатиот месец, година, или три години.

Веќе подолго време како Google ги охрабрува образовните, владините, и истражувачките институции да ги опишуваат нивните бази на податоци користејќи метаподатоци и да ги вклучуваат во новата Dataset Search алатка.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии