Бесплатен гејминг викенд со Destiny 2, Elder Scrolls: Online, The Bureau: XCOM

Bungie овозможи бесплатен пробен период за Destiny 2. Сите заинтересирани ќе можат да ја проверат кампањата, да се приклучат на кланови и да навлезат во мултиплеерот. За време на бесплатната проба, која не е само за викендов, играчите нема да можат да напредуваат со креираните ликови над седмото ниво, но целиот напредок до тука ќе биде автоматски пренесен доколку се купи играта. Потребно е да споменеме дека играта не се наоѓа на добро место, особено откако се откри дека Bungie го „штелуваат“ добивањето искуствени поени за да се отежне добивањето кутии со плен по секое добивање ниво.

The Bureau : XCOM Declassified е игра која на времето нѝ се допадна, што со графиката, што со интригантната приказна и борбени механики кои потсетуваа на разблажена Mass Effect игра. Но, многумина не беа импресионирани од тоа што XCOM реши да заплива во водите на пукачки игри од трето лице и The Bureau : XCOM Declassified се заборави со брзина од која и Флеш би се засрамил. Тоа никако не значи дека не треба да ја пробате играта која, во наредните 24 часа, е бесплатна преку Humble Store.

The Elder Scrolls Online ќе проба да привлече свежа крв со бесплатен пробен период кој ќе започне викендов, а ќе трае до 6.декември. За попријатен престој, сите посетители ќе бидат наградени со 500 круни кои можете да ги потрошите во дигиталната продавница. Дополнително, играта се продава со 50% попуст и не бара никаква претплата за да се втурнете во огромниот свет со бројни, гласовно-потковани квестови и комплексни гејмплеј механики. Во чест на бројните играчи кои станаа дел од овој универзум, сите оние кои ќе поминат една зандана дневно ќе добијат пакет од пријатни изненадување.

Lead and Gold е мултиплеер со исклучително симпатична графика кој најтопло го препорачуваме на сите вестерн фанатици. Студиото зад играта, Fatshark, доделува еден милион клучеви доколку го разгледате промо материјалот за нивната нова игра Vermintide 2 и кликнете на неколку линкови за следење. Во случај да не ви се прави такво нешто, ви го поклонуваме нашиот код од сè срце! Се надеваме дека токму вие први ќе го искористите! :)

VYYEF-VFTY2-5IV0A

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии