Беше слеп, но прогледа со помош на чип

„Бев комплетно слеп скоро 10 години. Воопшто неможев да читам, ниту пак повеќе да препознаам некого. Кога ми го вградија чипот почнав да гледам светулки и искри и немаше никаква смисла. Но, по неколку часа почна да станува се’ побистро“, вели г. Терхо за BBC.

„Кога ги здогледав луѓето тие ми изгледаа како духови. Знаев дека тоа се индивидуи, но тие беа замаглени. Потоа почнаа да ми се изоструваат. Навистина е одлично чувството повторно да можеш да се фокусираш на нешто, да видиш нешто таму и да го зграпчиш. Јас не можев да препознам што има пред мене на улица, но знаев дека има нешто и затоа бев претпазлив.“

Eлектронскиот чип се вметнува во делот зад ретината каде се наоѓаат најголем дел од нервните завршетоци чуствителни на светлина. Чипот се покажал успешен и на другите пациенти, а до крајот на годината ќе се вгради и кај пациент од Британија. Двата од тројцата пациенти го изгубиле видот заради наследна состојба retinitis pigmentosa, која постепено ги намалува клетките во ретината на окото што води до постојана слепост.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии