Беше гигант и пионeр, a сега BlackBerry е на продажба

Канадскиот производител на паметни телефони BlackBerry се продава. Компанијата, која претходно беше позната како Research In Motion, во соопштение најави дека e формиран специјален комитет за да разгледа „стратешки алтернативи“ кои се или продажба на компанијата или партнерство.

Според директорот Торстен Хејнс, новиот оперативен систем BlackBerry 10 има „долгорочна вредност и можности“ и затоа ќе продолжат да ги развиваат своите технологии додека специјалниот комитет разгледува алтернативи за компанијата. Но, очигледно е дека BlackBerry 10 беше последниот обид на компанијата да стане повторно конкурентна на пазарот. Иако во моментов има околу 80 милиони BlackBerry корисници ширум светот, сепак продажбите на новите модели Z10 и Q10 се далеку под очекувањата на инвеститорите, и далеку зад конкурентните iPhone и Android телефони.

Reuters пред некој ден напиша дека постои можност BlackBerry повторно да стане приватна компанија за да ги скрие своите финансиски извештаи од јавните критики и споредби со конкурентите, и да може на раат да се реструктуира и започне од почеток со BlackBerry 10. Нo, експертите коментираат дека BB10 доцни со иновациите во светот кој е доминиран од Android и iOS.

Вредноста на BlackBerry сега е проценета помеѓу 4 и 6 милијарди долари. Во своите најдобри денови, во 2008-ма година кога за iPhone се зборуваше дека е „убиец на BlackBerry”, канадската компанија вредеше околу 80 милијарди долари.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии