Бен Хоровитц: Сакаме да инвестираме во луди идеи наменети за мали пазари без можност за монетизација

Еден од најпознатите инвеститори во Силициумската долина, Бен Хоровитц од Andreessen Horowitz, вели дека сакаат да инвестираат во компании основани од луѓе кои ги оставиле факултетите за да ја следат својата луда визија за стартап наменет за мали пазари без шанса да монетизираат. Инвеститорот чие портфолио вклучува компании како Faceook, AirBnb, Canvas, Box, Groupon, Pinterest, Skype и многу, многу други успешни компании, вели дека минатата година биле во контакт со 2.300 стартапи од кои само 24 биле вредни за инвестирање. Тие што успеаја да добијат пари, се тие луди идеи.

„Во 1975 постоеше продукт кој се продаваше само преку еден продавач. Тој продукт се викаше Altair Basic и беше тешко да најдеш полоша идеја од таа. Беше мал пазар [тогаш софтверот доаѓаше преинсталиран на компјутерите], не можевте да го продавате самите, и имавте корисничка база од еден и тој корисник имаше само 40.000 продажби. Секако дека тука зборуваме за Microsoft.“

Друг пример е PayPal кој во 1999-та беше прогласен за една од 10-те најлоши идеи за таа година. Или AirBnb, сервис преку кој се изнајмуваат соби од странци за краткотраен престој. Денес преку овој сервис се букирани 10 милиони ноќи во последните 5 месеци. Штом лудите идеи добијат инвестиција, вели г. Хоровитц на DLD конференцијата во Минхен, тогаш тие стануваат револуционерни идеи. Проблемот е што тие идеи на почеток изгледаат како „скроз луди“, но тие всушност се понапред од целата индустрија. Сепак, овие „луди идеи“ мора да имаат брилијантни луќе со осет за претприемаштво на кормилото, кои мора да бидат храбри да продолжат со иновациите.

„Кога зборувате за технологија, тогаш зборувате за подобар начин на правење на работите. ДА правите пари исто треба да биде на многу подобар начин. Проблемот е што тие нови, револуционерни идеи изгледаат лудо. Но, ако не изгледаат лудо, тогаш нема да бидат револуционерни бидејќи сите други веќе ќе го решеа тој проблем.“, вели реномираниот инвеститор.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии