Белградското студио Nordeus започна соработка со Bwin

Белградското студио Nordeus кое е познато по Facebook фудбалскиот менаџер Top Eleven, објави соработка со светски позната обложувалница Bwin. Двете компании заеднички ќе работат на онлајн друшвена игра за спортско обложување.

„Тоа што сакаме да го постигнеме со ова партнерство, е тотална доминација со оналајн друштвените игри за спортско обложување, токму како што доминирам со Top Eleven во светот на спортските игри. Bwin.party е одличен партнер и мислам дека сме во идеална позиција заедно да лансираме успешен производ и да станеме лидери и во ова поле.“, вели директорот за развој на Nordeus, Никола Чавич.

Спортското обложување годишно заработува 12 милијарди долари, но не е дозволено во сите држави, на пример во САД во најголем дел од државите, сè уште не е легално обложувањето на спортови. Nordeus објаснува дека кога започнале со изработката на игри било премногу рано за обложување преку друштвените мрежи. Поради барање на играчите да можат да се обложуваат на виртуелните натпревари, почнале да размислуваат и во тој правец.

„Гејминнг индустријата до сега не беше подготвена за апликации кои ќе обработуваат онлајн обложување, последната година додека се менуваше регулативата ја искористивме за наоѓање на вистински партнер. Имавме прилика да соработуваме со сите големи светски компании, но Bwin сепак беше надобар избор.“, вели г.Чович за Startit.rs.

Bwin.party е еден од најголемите ланци на обложувалници, а Top Eleven сигурно е една од најиграните игри на Facebook. Bwin има искуство и  со онлајн „игри“ како Party Poker. Но, барем засега има премалку информации да дознаеме во кој правец ќе оди соработката, дали видео игра или можеби апликација за обложување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии