Appetite е првиот ресторан во Белград кој наплаќа во биткоини

Appetite Cafe & Restaurant е можеби првиот угостителски објект на Балканот кој овозможува плаќање со дигиталната валутa биткоин. Ресторанот се наоѓа во Белград, а наменет е за бизнис и урбаната заедница која ги следи техничко технолошките трендови. Следејќи ги своите посетители ресторанот одлучи да им го овозможи и нов начин на плаќање, вели Netokracija.

„Голем број од гостите во ресторанот Appetite се странци кои доаѓаат во Белград како туристи или поради бизнис, па сметавме дека ќе им биде интересно доколку оброкот можат да го платат на овој единствен начин“, велат од ресторанот.

Плаќањете преку дигиталниот новчаник е овозможено со апликацијата која е креација на агенцијата Creative Media Art и овозможува динарите да ги промените во биткоини и да платите со нив. Во близина плаќање со виртуелната валута е овозможено и во Хрватска и тоа на две локации, сајтот Honorarniposao.net и во Апартман Лунеа. На сајтот Spendbitcoins можете да проверите, каде можете да користите биткоини за плаќање.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии