Белград е најновиот град од регионот со јавен превоз на Google Transit

Дејан Соколоски

во Вести

Жителите и посетителите на Белград на Google Maps м0жат да дознаат се за јавниот сообраќај. Автобуски станици, возен ред, трасите и цените на билетите се достапни на мапата благодарение на отворените податоци, јави Канцеларијата за информациски технологии и електронско управување. Со ова Google Transit и официјално е достапен во Белград.

„Еден од резултатите на овој проект се отворање на податоците за јавниот превоз во Ниш, Крагуевац, Ужице и Суботица во формат кој е стандарден за овие податоци и нивната употреба на Google Maps“.

Благодарение на додавањето на овие податоци на мапата олеснето и поедноставено е планирањето и снаоѓањето со автобуски превоз и во Белград. Засега се споделуваат статички податоци, односно кога некој автобус ќе биде на некоја станица во зависност од возниот ред. Секако овие податоци се менуваат и треба да бидат и динамички достапни, што е еден од следните чекори.

Што се однесува до корисниците, се чини дека никако не може да ги задоволиш сите. Дел од корисниците се задоволни од можностите, иако дел сметаат дека трасите кои ги предлага Google Maps се лоши и може да се поправат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии