Белата бучава е правото нешто за мирно и концентрирано учење и работење

Живеејќи во ист стан со тригодишен брат, сред центар, среде испитна сесија, може да замислите колку ми пречеше оркестарот од звуци кој непрестајно ме одвлекуваше од учење или работење. За среќа набрзо најдов едноставно решение – константно позадинско слушање на звук кој опфаќа широк опсег на фрекфенции. Најпознат од овој тип на звуци е белата бука. Но, ако премногу ви пречи и не можете да се навикнете, алтернативна опција се звуци од секојдневието кои се слично ефективни, и како бонус додаваат одличен амбиент. Доколку некој се запраша „зошто би пуштил звуци од секојдневието на звучници, кога и без тоа ги слушам?” одговорот е во константноста на звукот. За успешно да се изолирате од изненадувања, потребно е звукот што го пуштате да е константен, т.е. да не прекинува како што тоа се случува во реалноста.

Бела бука е звук кој ги содржи сите фрекфенции на спектaр што човековото уво може да го перцепира, аналогно на белата светлина која ги содржи сите бои. Безразлика дали се работи за бела бука или друг звук, за да функционира, потребно е тој да ги покрива сите или барем повеќето фрекфенции од 20 до 20.000 Hz. Слушајќи ја буката, увото се навикнува на дразба од било кој опсег на фрекфенции, така што звуците кои ви пречат, колку и да се високи или длабоки, не можат да предизвикаат изненадување. Се додека се задржи константна дразба на увото (т.е. мозокот), надворешните звуци нема да можат да ве разбудат или деконцентрираат.

Ваква бука, како и одлични звуци од секојдневието, можат да се најдат на неколкуте веб сервиси кои се наведени во продолжение. Исто така, бука може и сами да си изгенерирате во некоj од програмите за обработка на звук како Audacity (бесплатен), Sound Forge, Adobe Audition… итн.

Simply Noise е сервис за три типови на бука – бела, розева и кафеава. Разликата помеѓу разните типови на бука е само во опсегот на фрекфенции коj тие го опфаќаат. Покрај ова, Simply Noise има опција за осцилирање на гласноста на звукот, како и тајмер за исклучување. Постои Simply Noise апликација за iPhone и за Android, со цена 0,99 долари.

Rainy Mood нуди висококвалитетна снимка од дожд која исто така ги опфаќа сите фрекфенции и успешно “штити” од надворешни звуци. Rainy Mood е најпопуларен сервис од својот вид поради тоа што има едноставна еднонаменска страница со видео на цел екран од капки дожд.

Nature Sounds For Me содржи повеќе опции за прилагодување на звукот и има интересна друштвена интеграција. Сервисот се состои од миксер со 4 канали, што значи може да си изберете максимум 4 од понудените звуци, и да го подесите нивото на гласност кај секој звук поединечно. Имате избор помеѓу повеќе од 40 звуци, кои припаѓаат во 5 категории: празнични звуци (огномети, ѕвончиња…), природа, птици, други животни и разно (веслање во чамец, детски џагор, чукање на срце…). Дури можете да спиете/учите и на дишењето на Дарт Вејдер.

Кога ќе го добиете посакуваниот звук, имате опција да го зачувате, со што добивате перманентен линк до звукот, или пак да го експортирате со должина од 1 до максимум 30 минути за да можете да си го слушате каде и да сте. За да го направите сето ова нема потреба да се регистрирате, иако и тоа постои како опција. Понатака готовите звуци се рангираат по популарност, по најнови и по тип на звук. Со регистрација се добива предност при рангирање, можност за додавање опис на звукот, можност за коментирање и поставување линк кон вашата страна. iPhone апликацијата за овој сервис чини 1,99 долари.

16 коментари на “Белата бучава е правото нешто за мирно и концентрирано учење и работење

    1. Во право е Зоќи, шум и бучава иако се синоними не може секогаш да се користат секаде со истото значење, а во овој случај треба да се пишува шум (интересно е како за еден англиски збор ние да имаме два). А во исто време се прашувам каде ли е БЕЛАТА БУКА? И што значи зборот „правото“?
      Интересна статија во секој случај, да не бидам само критичен :) сепак мислам дека е индивидуално како некој звук кај секој човек ќе биде „прифатен“ и не секогаш ќе го има истиот ефект

      1. Баш сега одговарав на слично прашање погоре во коментари :) Поради специфичниот контекст во кој го користам зборот noise, преводот е бучава, бидејќи има интересен контраст помеѓу бучава и мирен сон, кои се двата клучни поими во оваа статија.

        Да, има некоја разлика од индивидуа до индивидуа, но ефектот тука не зависи од субјективна перцепција туку од физички правила и поради тоа ако успешно се покрие спектарот на фрекфенции, се зголемува прагот на перцепција и практично звуците кои претходно ти пречеле, веќе не ти пречат бидејќи послабо ги перцепираш.

    1. Ниту еден од тие преводи не е добар ама бидејќи немаме соодветна алтернатива, го искористив посоодветниот во конкретниов случај.

      1. Во стручна литература може добро да се види терминот „бел шум“ во нашиот јазик (што значи добар превод? тоа е поим кој има некое значење за тие што имаат познавања од аудио техниката или телекомуникациите), тоа е преводот од white noise кај нас! Но полошо е тоа што кај линкот до wikipedia е напишано (и не само таму) „белата бука“!!! Зборот „право“ кај нас има поинакво значење! Spectrum на македонски е „спектар“…

      2. Да, знам дека официјалниот превод е бел шум, ама мора да ти признаам дека не ми се допаѓа. И дефинитивно поинтересно звучи бучава во овој специфичен контекст бидејќи ја препорачувам како "лек" за мирен сон, има поголем контраст помеѓу зборовите бучава и сон отколку кај шум и сон. Се додека се сфаќа оригиналната идеја, мислам дека не е проблем да си играме со јазикот, дури и напротив, ги охрабрувам луѓето повеќе да си играат со јазикот.

        А околу "право", во глава ми беше "права ствар" па оттаму некако излезе "право нешто", што во право си, можеби не е најсоодветен превод :)

        Искрено, не го сфаќам коментарот околу спектар… Ако мислиш на тоа дека го имам искористено "опсег" на фрекфенции, а според тебе требало спектар, не гледам никаков проблем тука, бидејќи зборот и контекстот е сосема регуларен.

        Како и да е, фала ти Мики на коментарот.

      3. А да, што е добар превод. Добар превод е кога се објаснува самиот себеси, кога ја доловува истата ментална слика како и оригиналниот збор, кога без проблем може да се користи во сите контексти во кои се користи и оригиналниот збор. Шум генерално е добар превод во други контексти а особено во статистика, податочно рударење, каде шум се однесува на неправилност на информација, ама тука некако не одговара.. :)

        Инаку приметив дека сум напишала "спектрум" наместо "спектар", моја грешка… Фала што посочи

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии