Бекап на важните податоци со SyncBackFree

Сигурни во беспрекорната работа на нашите компјутери, често забораваме дека таквото нешто е само илузија. Несреќите никогаш не се посакувани, особено кога резултираат со губење исклучително важни податоци. Поради тоа, правење бекап се чини како една од оние автоматизирања кои задолжително треба да ви се на радарот. Иако има огромен број бесплатни решенија за бекап, во оваа прилика би сакале да ве запознаеме со деветтата верзија на SyncBackFree.

SyncBackFree е бесплатна верзија на добро познатиот комерцијален продукт. Со SyncBackFree можете да направите бекап на сите ваши податоци на локален драјв, низ вашата домашна мрежа, или на далечински сервер. Можете да наместите да се прави автоматски бекап, како и да компресирате, односно шифрирате податоци. Во зависност од вашите потреби, SyncBackFree ви дозволува да создавате неколку профили. Тоа ви помага за поставување најразлични временски параметри за бекап. Имено, по еден бекап неделно за вашите фотографии, но по еден бекап дневно за вашите документи. Без проблем можете да извршите симулација на секој нов бекап, за да проверите што ќе се копира пред вистински да стапи на сила процесот.

Најновата, деветта верзија на SyncBackFree има претрпено значителни подобрувања во скоро сите аспекти. Целосно новиот изглед и кориснички интерфејс е проширен со изборната можност за приказ во ноќен режим. Работата во SyncBackFree е значително забрзана, волшебникот за враќање податоци е попријатен за почетниците, а одделот со настани – модернизиран и појасен за читање.

На почетокот од текстот споменавме за три можности за бекап на податоците. За жал, складирање и синхронизација на облак, не е изводлива опција со бесплатната верзија. За таквото нешто, потребно е да одите со некоја од двете платежни верзии.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии