Beats oд секогаш припаѓал со Apple! Потврдена е зделката од 3 милијарди долари

Beats од секогаш припаѓале со Apple, изјави продуцентот и основач на Beats Electronics, Џими Ловин, во официјалното соопштение со кое се потврди дека Apple ќе потроши 3 милијарди долари за купување на производителот на музичките слушалки. Beats, основани од г. Ловин и раперот Др. Дре, стартуваа како производител на слушалки за iPhone и iPod, а подоцна, откако изградија бренд за почит помеѓу музичите фанови, стартуваат и музички стриминг сервис кој Apple сега ќе го искористи да го унапреди iTunes и да се натпреварува со Spotify, Rdio и другите слични сервиси.

„Идејата кога ја стартувавме компанијата беше инспирирана од Apple и нивната способност да ги спојат културата и технологијата. ПОсветеноста на Apple кон музичките фанови, артисти и музичката индустрија е нешто специјално“, изјави г. Ловин.

Слушалките на Beats, кои се покажаа квалитетни и популарни, иако со висока цена од над 200 долари, ќе бидат уште еден додаток на iPhone и iPod. Но, слушалките можеби не се причината заради која Apple троши на Beats 2,6 милијарди долари во кеш и 400 милиони во акции, што е една од најголемата аквизиција во историјата на компанијата. Вредноста е во ред, ако се земе во обзир дека Beats , oснован во 2006-та година, сега има годишни приходи од една милијарда долари. Според различните толкувања, важна причина е што Apple сака да го направи iTunes сервис за стримање за музика преку мобилен телефон, и Beats Music тука може да помогне. Но, според други познавачи, една од причината е што Apple сака да се впушти во бизнис со модни аксесоари т.е. паметни часовници и алки, и може да ги искористи знаењето на Beats во креирање на модерни модни додатоци.

Засега, официјалниот став на Apple, и нивниот директор Тим Кук е дека зделката „е само за музика“.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии