Beats Music стрима музика според расположението; но за жал не е достапен во Македонија

Новиот Beats Music ќе биде уште еден од плејадата стриминг музички сервиси; нов конкурент на Rhapsody, Spotify, Rdio, iTunes Radio и други. Но, за разлика од нив Beats Music е сервис на компанија која веќе имаше релативен успех во промовирање на музички продукти. Beats Еlectronic е веќе познат бренд за слушалки кој имаше кратка соработка со HTC, и кој на сцената се претстави како уникатен бренд што промовира музика предложена од најдобрите продуценти и музички списанија.

Според првите рецензии, Beats Music, достапен за Android, iOS и Windows Phone 8 за 10 долари месечно, веќе воведува свежина во новата стриминг индустрија. Целта на Beats е да помогне да се креира персонализирана музичка листа преку човечка интеракција, наместо преку препораки од компјутерски алгоритам како што работатат другите конкурентни сервиси. Покрај пофалбите за чистиот дизајн, Beats Мusic доби добри критики и за опцијата The Sentence која ја комбинира локацијата, расположението и луѓето со кои сте за да креира соодветна листа на песни.

Beats Music, како и многуте други стриминг сервиси, за жал нема да биде достапен во Македонија. Всушност, Beats Мusic за почеток е достапен само во САД, со најава дека ќе се прошират во блиска иднина и во други земји, најверојатно во поголемните пазари низ Европа.

2 коментари на “Beats Music стрима музика според расположението; но за жал не е достапен во Македонија

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии