Be My Eyes им помага на слепите лица подобро да се справат со кратки и едноставни задачи

Be My Eyes е апликација која им помага на слепите лица подобро да се справат со кратки и едноставни задачи така што ќе контактираат доброволци да ги водат низ процесите.

Слепите лица, или лицата кои имаат проблеми со видот можат да ја искористат апликацијата да започнат видео повик преку кој волонтерот ќе го води лицето преку камерата од телефонот, ќе му кажува во кој правец да ја насочи камерата, на што да се фокусира, кога да го вклучи блицот и како да го разреши моментниот предизвик.

Оние кои сакаат да се пријават како доброволци и да помагаат на слепи лица или лица со оштетен вид, можат да ја инсталираат апликацијата и да добијат видео повик. Од компанијата објаснуваат дека обично се бара од волонтерите да го проверат рокот на траење на одредени производи, да препознаат бои, да им се прочитаат упатства или да се водат во нов и непознат простор.

Be My Eyes e достапна за Android и iOS направи. Моментно, скоро 2 милиони волонтери помагаат на над 100 000 лица со оштетен вид, низ 150 земји и на 180 јазици.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии