BBC ќе се обиде со Facebook да привлече нова публика

Дејан Соколоски

во Свет

Your Story е нова, интересна алатка од BBC со која ќе може да видите актуелни вести кога сте се родиле, кога сте наполниле седум години, кога сте станале тинејџери и слични поважни периоди во вашиот животот.Алатката е пред се креирана за зголемување на интересот на помладите генерации кои имаат Facebook профили, а не ги следат содржините на британскиот медиум.

Идејата е со помош на друштвената мрежа, која има 24 милиони корисници во Британија од кои 69 отсто не ги посетуваат BBC, да се доближи публиката до овие содржини. BBC не се единствени кои се обидуваат да ги популаризираат своите содржини со помош на Facebook, јавува Quartz, но прашањето е дали вакви алатки може да помогнат за задржување и добивање на нова публика.

За жал алатката е далеку поинформативна доколку доаѓате од Британија, бидејќи најголем дел од настаните и информациите се леколани, сепак ова не значи дека во „Вашата приказна“ нема настани кои се од историско значење за целиот свет.

3 коментари на “BBC ќе се обиде со Facebook да привлече нова публика

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии