BBC ќе го пренесува во живо светскиот шампионат во League of Legends

По ESPN и BBC ќе пренесува финале во е-спорт турнир во живо. Преносот од League of Legends World Championships на стадионот Вембли започнува на 15 октомври, и е соработка помеѓу двата канали на ВВС – канал 3 и спортскиот канал.

За разлика од ESPN кој пренесуваше натпревар во DotА2, овојпат натпреварот е во League of Legends, но тука завршува секоја разлика. Телевизиските преноси на е-спорт турнирите само покажуваат колку далеку е отиден е-спортот како дел од забавата. Наградните фондови се мали доколку ги споредиме со традиционалните спортови, но динамиката и можноста сите да ги играат овие игри прави да бидат екстремно интересни за публиката. Иако наградниот фонд на LoL финалето од 2.130.000 долари е минијатурен во однос на фондот на DotA 2 од над 18 милиони, но сепак кога игрите се во прашање воопшто не е за занемарување.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии