Battlefield 1 Premium Pass ќе биде бесплатна за сите

Мартин Јованчевски

во гејминг

Battlefield 1 успеа да нè импресионира не само со феноменалната кампања, туку и со бројните модови за меѓусебно препукување. Проширувањата кои излегоа за мрежниот дел значително ја проширија забавата. Фановите на основната игра кои не ја купија сезонската пропусница имаа можност бесплатно да ги зграпчат сите додатоци во еден или друг период од годината, но ЕА сака да пружи уште една шанса и од 11.септември, односно по отворената бета за Battlefield 5, ја нуди целата сезонска пропусница за апсолутно нула денари.

Како дел од BF1 Premium Pass ќе ги добиете сите мапи, оружја, возила, модови и класи од четирите експанзии They Shall Not Pass, In the Name of the Tsar, Turning Tides, и Apocalypse. Тоа се еден куп содржини за релативно нова и крајно популарна игра.

Како што напомнавме, отворената бета за Battlefield 5 започнува на 6.септември и трае до 11.септември. Претплатниците на Origin Access и сите оние кои предвреме ја нарачале играта можат да се втурнат во бетата од 4.септември. Веднаш по завршување на бетата можете бесплатно да ја зграпчите сезонската пропусница за Battlefield 1, и тоа од 11 до 18 септември, преку продавницата на EA, Origin.

Излегувањето на Battlefield 5 се одложи за 20.ноември, откако се дозна дека има недоволно предвремени нарачки за играта. Се претпоставува и дека ЕА не сака нивното чедо да излезе толку блиску до Call of Duty Black Ops 4. Шутерот на Activision излегува на 12.октомври.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии