Battlefield 1 наскоро со отворена бета

Настанот Gamescom, кој воедно е и најголемата европска гејминг конференција, е исклучително дарежлив годинава, особено за љубителите на серијалот Battlefield.

Покрај громогласниот трејлер за Battlefield 1, кој едноставно морате да го погледнете, развивачите DICE најавија и отворен бета пристап при крајот на месецот.

Слично на маркетиншката агенда за претходникот Hardline, сопствениците на PC, PlayStation 4 и Xbox One, ќе имаат можност да навлезат во бојните полиња на Првата светска војна на 31 Август (искрено се надеваме дека не сте ученик :) ).

Бетата ќе се одликува со два режими на играње, односно Conquest и Rush – два добро-познати мод-ови доколку сте љубители на мрежни престрелки. Теренот на кој ќе се пролева дигиталната крв, меѓутоа, ќе биде на само една мапа – Sinai Desert. Тоа не би требало да ве разочара затоа што теренот крие огромни изненадувања како застрашувачкиот оклопен воз кој ги украде сите воздишки со вчерашниот трејлер.

Battlefield 1 бета ветува дека нема да има никакви рестрикции во поглед на вашите транспортни аспирации, така да, доколку не сте љубители на возови (што би била огромна штета), би можеле да доживеете бројни авантури и во автомобили, авиончиња и разбирливо, коњи. Истиот отворен пристап ќе биде пружен и при изборот на оружјата.

Повеќе за ова очекувајте на преносот во живо, кој би требало да се случи денеска. Она што ние би можеле да ви препорачаме е да проверите дали сте Battlefield Insider така што ќе кликнете на следниот линк и ќе ја одберете саканата платформа.

За да уживате во предностите на предвремен пристап, потребно е да се пријавите до 21 август.

Дури и да не се пријавите, без грижа…. Кога ќе дојде судбоносната среда и кога ќе запее неодоливата песна на пустинските препукувања, бетата ќе стане отворена за сите (освен ако сте ученик, во тој случај, претпоставуваме дека премногу ќе бидете возбудени за денот кој следи и за предметите поради кои ќе негодувате цела година :D).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии