BatteryMode е интересна алтернатива на Windows алатката за батеријата на вашиот лаптоп

Мартин Јованчевски

во Вести

Сопствениците на лаптопи потребно е да направат одредени прилагодувања доколку не сакаат брзо да им се испразни батеријата. За таа цел, во десниот долен агол, преку иконата за батерија, можете да наместите најразлични планови. Ова е сосема во ред, но алатката BatteryMode знае да биде значително помоќна и покорисна алтернатива.

Со BatteryMode, чија икона е во форма на жолта батерија вдомена на иста локација, можете да менувате најразлични профили со лев клик, како и да го менувате осветлувањето. Во случај да имате повеќе од еден монитор, BatteryMode дозволува прилагодувања кои се уникатни за секој од приклучените монитори.

Подразбирливо, доколку сакате да менувате дополнителни работи во изгледот, или пак целосно да ја исклучите иконата, десен клик на истата и изберете Settings.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии