Батерии кои експлодираат ја одложуваат испораката на Galaxy Note 7

Најдобриот телефон на Samsung досега, Galaxy Note 7 ќе доцни. Гигантот најави дека поради контрола на квалитетот ќе бидат одложени испораките, што всушност е политички говор дека нешто не е во ред со уредот.

„Испораката на Galaxy Note 7 е одложена заради дополнителни тестови на квалитетот на уредот.“, вели претставник на Samsung за Reuters.

Засега нема потврда дека тврдењата за експлозии на батеријата се навистина причина за одлагање на испораките. Од компанијата не излегоа ниту со предвидување кога ќе продолжи испораката.

Ова дефинитивно се ужасни вести за Samsung, чии телефон по подолго време доби фантастични критики од медиумите. Hyundai Securities во својот извештај вели дека овие проблеми на Galaxy Note може да се решат брзо со промена на делови и модули. Дури и брзото решавање со промена сепак значи дека испораката ќе доцни барем неколку недели.

2 коментари на “Батерии кои експлодираат ја одложуваат испораката на Galaxy Note 7

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии