Барем засега, турски суд ќе ја тргна забраната на Twitter

По неколку дневната забрана, Тwitter ќе биде повторно достапен за турските твитерџии. Мрежата беше блокирана изминатиот петок откако на неа беа објавени контроверзни снимки кои ја откриваат корупцијата на властите, и иако премиерот Рецеп Таип Ердоган порача дека ќе „ја избрише“ друштвената мрежа, сепак судот во Анкара нареди да се тргне забраната. Судот се реши да ја дигне забраната откако доби бројни поплаки од граѓаните и разни адвокатски и граѓански организации, пиува Hurriey Daily News.

Сепак, тргање на забраната може да биде само привремено, бидејќи премиерот Ердоган, на неодамнешен митинг за престојните локални избори, рече дека сè уште им е лут на друштвените мрежи. Тwitter беше блокиран под изговор дека не одговорил на барањата од властите да ги тргне „неоснованите обвинувања за корупција на високи функционери“. Според премиерот, Twitter избришал „едно до две“ парчиња од содржина, но тоа не е доволно бидејќи имало „точно 700 постови“ што требало да се избришат.

„Јас не разбирам како луѓето со чист памет можат да ги бранат овие Facebook, YouTube и Twitter мрежи. Има купишта лаги на нив“, рече г. Ердоган.

И покрај забраната, и блокирањето на IP адресите и јавните DNS сервиси, 10-те милиони турски твитерџии, колку што ги има на мрежата, продолжуваат да твитаат со хаш-таг #TwitterisbannedinTurkey. Турција веќе подолго време гледа на друштвените мрежи како непријатели против властите, и не е прв пат да блокира големи популарни сајтови. Двегодишниот бан на YouTube беше тргнат во 2010-та година.

1 коментар на “Барем засега, турски суд ќе ја тргна забраната на Twitter

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии