Победничката порака на американскиот претседател Барак Обама, кој го доби својот втор мандат, ги сруши рекордите на најсподелуван твит на друштвената мрежа. Пораката која гласи „Уште четири години“ е споделена над 559.889 пати. Овој твит г. Обама го сподели во моментот пред да се појави на сцената и да и се обрати на американската нација. Всушност, над 167.939 ретвитувања беа забележани само во првите 40 минути. Ваквата активност не е чудна за Twitter каде за време на претседателските избори беа следени со огромно внимание. Само за денот на гласањето беа споделени над 20 милиони твитови.

Рекордното ретвитување е само дел од активностите на друштвените мрежа. Веднаш откако г. Обама ја сподели својата победа, му беше возвратено со честитки од други твитерџии како англисиот премиер Дејвид Камерун, премиерот на Малазија, Мох Наџаб Тун Разак, австралиската премиерка Џулија Галард и многу други актуелни политичари кои го користат друштвениот медиум за да комуницираат со граѓаните.

Претходните рекордери беа Џастин Бибер (223.376 ретвита), рагбистот ТЏ Ланг (98.688) и Флојд Мајведер (89.055 ретвитувања).

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии