Никогаш досега, во иднина сигурно ќе продолжи, интернетот не влијаеше врз политиката. Овојпат ја покажа својата моќ. Креативноста на технологоијата ги одреди изборите. Барак Обама е првиот претседател кој победи поради разбирањето и користењето на вeб 2.0 светот.

Facebook, МySpace, Twitter, YouTube, блогови, мобилни, видео игри … за политичките аналитичари тоа се места каде се збираат младите луѓе кои не се заинтересирани за политика, а кои Обама ги придоби. Преку тие сервиси целиот свет се запозна со претседателските избори.

Уште од раните почетоци на кампањата г-дин. Обама имаше развиено веб страна со можност неговите приврзаници да се организираат. Со помош на Крис Хаџис, кo-креаторот на Facebook, креаираа Обама друштвена мрежа. Преку таа мрежа My.barakobama.com преку 2 милиони „Обама активисти“ собираа пари и работеа за кампањата како волонтери.

Клучот на успехот е токму како што рече претседателот Обама „оваа победа е ваша“ обраќајќи се на толпата луѓе во Чикаго. Вклучувајќи милиони и милиони луѓе преку сајтот, наместо зборување преку телевизија, неговите активисти/волонтери организираа преку 150.000 настани и активности во текот на кампањата и собраа половина од 600-те милиони долари кои беа вкупно потребни за кампањата.

На YouTube неговата кампања закачи 70 видеа. Неговите истомисленици направија неколку апликации за iPhone и iTouch. Реклами и слогани од Обама можеа да се видат на видео игрите како Burnout Paradise за xBox 360.

Слоганот „Време е за променa“ одекнуваше не само како политичка мантра туку и како слоган за времето кое се менува. Споредбите со Џон Ф. Кенеди не беа само поради политичките идеи туку и поради технологијата. Имено Кенеди стана претседател користејќи го најновото што можеше да го понуди технологијата тогаш – телевизијата. Обама победи поради користење на интернетот и мобилните телефони. Кога го избра Joe Biden за кандидат за потпретседател неговата кампања го објави тоа првин преку мобилните телефони и интернетот.

Но неговата победа не е во искористувањето на интернетот како медиум за пропаганда. Главната причина која тој ги доби гласовите на младите беше и поради разбирање на вeб 2.0. Обама постојано зборуваше за технологијата и велеше дека е вљубен во технологијата (читај: tech geek).

Во неговите говори тој постојано го споменуваше широкопојасниот интернет како средство за развој на една држава и дека е неопходен за сите вклучувајќи ги и луѓето во руралните средини. Идеја која се гледа како приоритет за економската иднина и во Европската Унија.

Еве неколку од идеите на Барак Обама за информатичката технологија, за кои се очекува тој да потроши многу пари во нивно остварување и оддржување:

  • Нова позиција – Првиот чин во планот на Обама за технологијата е создавање на Главен службеник за технологија (Chief Tehnology Officer) кој ќе се грижи за остварување на идеите во агендата за развој на технологиија.
  • Неутралност на интернетот – „Интернетот е најотворената мрежа во историјата. Мора да го задржиме како таков.“ Во овој контекст Обама зборува за потребата од иновативна конкуренција. „Истотака, на провајдерите не треба да им биде дозволено да наплаќаат според содржината, апликација или други интернет сервиси. Овој принцип треба да овозможи новите корисници, посебно малите и не-профитабилните, да имаат исти можности за иновативност и поширока публика.“
  • Приватност – Ќе го зголеми буџетот на Федералната комисија за трговија за борба против е-криминалот, спамот и одржување на приватноста.
  • Образование – „Пристап до компјутер и широкопојасна мрежа во јавните училишта мора да биде подржана со квалитетни учители, добри учебници и обврска за развивање вештини во полето на технологијата.“
  • H-1B визи и имиграција: H1B визите се не-имигрантски визи кои дозволуваат на компаниите да вработат странец специјалист. Обама ги поддржува овие визи и бара да се зголеми нивниот број затоа што многу технолошки компании ги користат за регрутирање работници (пример: Индија е главен извозник на ИКТ инжинери). Во контекст на ова Обама исто така бара и реформи во имиграционата програма, односно начини како странците полесно да добијат државјанство.
  • Отворена влада – Обама вети дека ќе имплементира транспарентен план. „Отворена влада“ ќе овозможи граѓаните полесно да се вклучат во дневните активности на нивната општина и земја.

Победата на Обама е победа и за ИТ заедницата. Така размислуваат најголемите умови во Силиконската долина – Google, Yahoo, Microsoft, O’Reilly, Amazon, Apple – сите се за Обама.

На крај да го споменеме и Џон Мекејн, противкандидатот на Обама. Иронично, но во 2000 година токму г-динот Мекејн го користеше интернетот во неговата кампања во тогашните внатре-партиски избори против Џорџ Буш. Ни тогаш ни сега г-динот Мекејн не го разбра целиосниот потенцијал на овој медиум.

Како и да е – победниците ја пишуваат историјата.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии