Барајте галактички дискови за NASA со Disk Detective проектот

Мартин Јованчевски

во Веб, Вести

NASA сака подобро да разбере колку време е потребно за да се формираат планети. Тоа се чини невозможно доколку не се активира значително голема работна сила. Поради тоа, NASA одново го враќа проектот Disk Detective и ја повикува јавноста да помогне во откривање дискови кои се во близина на ѕвезди.

Disk Detective проектот користи податоци директно извлечени од WiSE мисијата, а она што бара е доброволци кои би сакале да ги истражуваат потенцијални дискови за да се заклучи дали некаде се наоѓа гасот кој е заслужен за формирање планети.

Новата база на податоци се одликува со 150 000 ѕвезди, што значи дека доколку ова е нешто што ви звучи интересно и имате време на претек, можете слободно да ги засукате ракавите и да се фатите за работа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии