Банкометар.мк ќе ви помогне да ги споредите банките

Потребен ви е потрошувачки или станбен кредит, но не знаете која банка нуди најдобри услови или пак ја барате банката со најдобрата каматна стапка. Благодарение на Bankometar.mk повеќе не треба да одите до секоја банка или да вртите телефони да се информирате, сервисот овозможува да ги пронајдете истите податоци кои ве интересираат на сајтот.

БанкоМетар ги споредува услугите кои ги нудат најголемите банки и тоа станбени кредити, депозити, хипотекарни кредити, потрошувачки кредити, кредитни картички, трансакциони сметки, животно осигурување, автомобилско осигурување и останати видови осигурување. Споредбата на финансиските услуги на сајтот е едноставна, па дури можете и да ги подредите банките, на пример, според дозволениот лимит на кредитна картичка или провизија при повлекување на пари од банкомати на други банки.

Сајтот е интересен бидејќи ви заштедува времето поминато во пребарување на сите податоци кои може да ве интересираат, пред да се одлучите на која банка да и ја доделите довербата. Сервисот вели дека настојува да обезбеди целосни и точни податоци за банките, а потоа и да обезбеди едноставна и лесна презентација на истите до корисниците. Сепак, иако сајтот е добар за споредба, можебие најдобро да ги проверите најдобрите две алтернативи директно со банките, бидејќи никогаш не може да се биде сигурен што ќе ви понудат.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии