Ballie е роботот кој би можел да се грижи за вас и вашиот дом

На овогодишниот CES, посетителите имаа уникатна можност да се запознаат со Ballie, вештачка интелигенција, уредно впакувана во мало топче. Замислен како „животен сопатник“, продуктот на Samsung може да се движи низ вашата куќа и да донесува одлуки за подобра добросостојба.

Ballie интерактивен коктел од AI, гласовна активација и вградена камера. Благодарение на ова, Ballie лесно ги препознава корисниците, ги буди кога треба, помага за поефикасни фитнес сесии, а може и да управува со други паметни работи низ куќата, како клима уред, телевизија, и слично.

Најавата за Ballie одлично се има прифатено од повеќето, но поради природата на самата направата, невозможно, а да не се исфрлат коментари кои се движат од чиста параноја (шпионирање од големиот брат), преку потсмејување (хрчко се крие во топчето), па се до Terminator сценарија и кревање на машините. Од сево ова, стравот од шпионирање е нешто што Samsung никако не сака да имате. Од компанијата објаснуваат дека сите задачи кои ги извршува Ballie потпаѓаат под силна заштита на податоци и високи стандарди на приватност. Примарната цел на Ballie е да решава проблеми и да ги подобрува животите на луѓето.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии