Балканските земји сакаат да го укинат роамингот oд следната година

Балканските земји, меѓу кои Македонија, Србија, Албанија, Хрватска и Бугарија, се договараат да го укинат роамингот за своите граѓани. Иницијативата е започната како одговор на намалување на роаминг цените во земјите-членки на Европската Унија, која вети дека до крајот на 2015-та година комплетно ќе ја укине оваа скапа услуга.

Проблемот што го наведе Европа, а што важи и за Балканот, е што роамингот носи преголеми трошоци за граѓаните кои работат и тргуваат меѓу границите. Скапите повици и скапиот интернет најчесто се користат со ограничувања од страв за преголеми сметки, и се еден од факторите со кои се демотивира регионалната економија. Со намалени роаминг цени, или комплетно укината роаминг услугата, сите граѓани ќе бидат слободни да вртат од странство без грижа од огромни трошоци, и да користат интернет услуги, што според Европската Унија е важен фактор за развивање на стартапи и ИТ индустријата во регионот.

Според директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Ордановски, балканските земји се договараат да го укинат роамингот од следната година. Граѓаните нема да плаќаат високи сметки доколку се во една од деветте балкански земји, иако е можно роамингот да важи доколку се користат телефонски и интернет услуги надвор од Балканот. Но, балканските земји веќе поднесоа барање до Европа да бидат вклучени во Дигиталната агенда и да се укине роамингот и кај нив, иако не се членки на Унијата.

Засега нема официјален договор помеѓу балканските земји, но , г. Ордановски вели дека е започната постапка за билатерални договори помеѓу деветте држави. Договорите ќе треба да бидат ратификувани во парламентите, и се очекува цените на роамингот да се намалат од 1-ви јануари 2015-та година.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии