Baldur's Gate е омилената видео игра на дизајнерите на игри

Една од позабавните вести која беше објавена во првиот број на бесплатниот месечник посветен на гејминг индустријата >WGE:MAG се резултате на гласањето на околу 1.000 дизајнери на видео игри кои ja oдбираа својата омилена видео игра.

На прво место според бројот на гласови е играта на студиото Bioware, Baldur’s Gate. Се сеќавате на играта? Таа беше претставена во 1998-ма.

Втори според изборот на дизајнерите се Blizzard и нивната Diablo, а на трето место е авантурата на сега гајминг студиото на Џорџ Лукас, Curse of The Monkey Island. Листата најдобри пет ја затвараат Shadow of the Colossus и Mass Effect. Интересно е што во првите три игри првите три се излезени поодамна и се екскулизвни за PC (додуша во тоа време и немаше компетитивни платформи), Shadow of the Colossus e PS екслузивитет, а единствено Mass Effect е излезена за трите платформи.

Oнлајн списанието е World Gaming Executives: MAG е издадено од истоимената мрежа која пости четири години. Организацијата има 30.000 членови, а од логоата на нивната страна може да се заклучи дека дел од здружението се вработени и во Blizzard, Apple, nVidia, Ubisoft, Virgin Games и повеќе други прославени гејминг компании.

Целосна листа на омилените 20 игри на дизајнерите.

  1. Baldur’s Gate серијалот
  2. Diablo серијалот
  3. Curse of Monkey Island серијалот
  4. Shadow of the Colossus
  5. Mass effect серијалот
  6. Batman Arkham Asylum
  7. Starcraft
  8. The Legend of Zelda
  9. EverQuest
  10. Devil May Cry
  11. Tomb Raider серијалот
  12. Bioshock
  13. Metal Gear Solid
  14. World of Warcraft
  15. Deus ex
  16. Super Mario серијалот
  17. Call of Duty: Modern Warfare
  18. Silent Hill
  19. Assassins Creed
  20. Deadspace