Baka Prase, GP, Steffonator, Janko и An Na на YouТube шоу во Скопје

Следната недела на 19 мај во Скопје во салата Борис Трајковски пристигаат најголемите YouTube ѕвезди од Македонија и од регионот. Публиката во салата ќе може да ги види и чуе: Baka Prase, GP, Steffanator, Janko и An Na. Тие се сопственици на дел од најпопуларните YouTube канали во регионот.

An Na на својот YouTube канал има над 450 000 претплатници; Janko има над 653 000 претплатници; Baka Prase над 1,2 милиони; GP има над 161 000 претплатници; а Steffonator над 72 000 претплатници. Речиси без сомневање јутуберите се попознати од најголем дел од јавните личности, па без сомневање салата на 19 мај ќе биде препола.

Интересно, најпопуларните видеа на регионалните учесници се музички спотови. Попрецизно единствен чие најпопуларно видео не е музички спот е Steffonator. Ова секако не значи дека најпопуларните „јутубери“ од регионот се музичари, иако некои можеби и се. Содржините кои ги споделуваат се најразлични и веројатно почесто „славата“ им ја должат на овие видеа кои се помалку популарни. Еве ги видеата со најмногу прегледи на секој од учесниците:

Baka Prase, 1 207 993 претплатници (348 052 708 прегледи)

GP, 161 258 претплатници (72 948 605и)

Steffonator, 72 574 претплатници (17 655 425  прегледи)

Janko, 654 150 претплатници (66 734 587 прегледи)

An Na, 451 252 претплатници (60 845 514 прегледи)

Билетите за YouTube Show се во продажба од 12 април, а може да ги пронајдете Пола Југотон и Розе Веро 2 и на kupikartizase.com.

1 коментар на “Baka Prase, GP, Steffonator, Janko и An Na на YouТube шоу во Скопје

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии