BaDoink со своја визија за иднината на виртуелната реалност

Досега имавме можност да ја видиме реакцијата на корисници кои за прв пат се среќаваат со виртуелната реалност во: видеоигри, посета на туристички дестинации, па дури и на Ѕидот во Игра на тронови. Најверојатно сите знаевме дека само прашање на време е пред некој да се прошета со уред за виртуелна реалност и на посматрачите да им покаже како ќе изгледа порнографијата во иднината.

Презентацијата доаѓа од компанијата BaDoink, лидер во онлајн индустријата за возрасни и пионер во виртуелната реалност во оваа индустрија. Уредот кој се користи е Samsung Gear VR, во кој како дисплеј е вметнат Samsung Galaxy 6. Најголем дел од корисниците, ако не и сите се задоволни од она што го гледаат, но ова не е никакво изнанадување со оглед на тоа дека сепак станува збор за реклама.

Порнографијата може да биде „катализатор“ за виртуелната реалност, доколку видеоигрите и останатите содржини не успеат во тоа. Освен VR-уред веќе на големо се работи на еротски додатоци и сексуални помагала кои ќе се користат со виртуелната реалност.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии