Интервју со Димитар Јаневски од B-Up – зошто да користите сервис за бекап?

Сервисите за бекап во облакот сѐ почесто се прв избор на голем дел од корисниците. Потребата од доверливо чување на податоци секако е главна причина за ова. Новата македонска компанија B-Up го нуди токму тоа, сигурен сервис за чување на податоците.

Доколку сѐ уште не сте направиле бекап или не сте сигурни дали треба да направите, прочитајте го интервјуто со Димитар Јаневски од B-Up во кое детално објаснува зошто е потребен и корисен бекапот.

Кажете ни повеќе за B-Up. Кој е основач на сервисот и колку време постои?

Приказната за B-Up (читај: Би-ап) започнува и се темели на една очигледна потреба – да се има резервен план! Многу често за споредба ја користиме фразата “…очигледно дека нема да скокнеш од авион без падобран или да тргнеш на долго патување со автомобил без резервна гума.” Искуството нѐ учи учи дека поголеми се шансите за успех и надминување на критичните ситуации, доколку имаме резервен план.

Сепак, кога се работи за дигиталниот свет, не сме стигнале до очигледноста и голем број на компании сѐ уште веруваат дека лошите работи се случуваат само на другите.

Има и такви компании кои искусиле хаварија (прегорен HDD, нефункционален локален бекап, изгубени податоци, Ransomware итн.) и знаат за важноста на бекапот (знаат за што зборуваме), но добар процент од бизнисите иако се свесни, немаат бекап, мислејќи дека е скапо и комплицирано за нив.

B-Up е создаден со таа цел, да им помогне на овие компаниите (кои немаат познавање и ИТ ресурси) да имаат резервен план, без инвестиција во опрема и без да ангажираат дополнителни ИТ ресурси.

Како бренд, B-Up постои од Октомври 2018, како производ на партнерство помеѓу софтверска компанија од Велика Британија и Инбох – дата архивскиот центар.

Кажете ни нешто повеќе за технологијата која ја користите, на кој начин точно функционира ова решение?

Во суштина се работи за Hybrid Cloud BackUp, web решение кое овозможува BackUp & Recovery на Cloud локација, како истовремено и локална копија на тоа што се чува на Cloud, со цел брзо враќање на податоците (Restore.)

Функционирањето на решението би го дефинирал од два аспекти:

Технички – системот прави бекап сесии при кои ги скенира сите промени на податоците, настанати во одреден временски период (час или ден во зависност од потребата) и прави инкрементален бекап на виртуелни копии на податоци, каде ги бекапира само разликите на податоците од претходната бекап сесија. Оваа технологија во комбинација со компресија дава голема ефикасност и заштедува ресурси.

 Кориснички – корисникот треба да пополни web forma за бесплатна проба на нашата web страна по што ние ќе асистираме во едноставни 3 чекори: (1) се прави инсталација на клиент апликација; (2) испраќаме корисничко име/лозинка (3) корисникот одбира кои податоци треба да се бекапираат и започнува бекапот.

Кои се предностите на чување на бекап во облакот?

Од каде да почнам :) Пред се, чувањето на бекап во облакот (Cloud) e редундантност за корисникот, каде безбедната копија се чува далеку од локалната инфраструктура на компанијата и во случај на хаварија, корисникот може лесно да се врати во оперативна функција без да ги изгуби своите податоци.

Друга предност е што Cloud BackUp дава скалабилност со лесно зголемување на капацитетите за чување на податоците без докупување на хардвер/опрема.

Достапноста на податоците од различни локации (remote connection) би ја навел како значајна предност, посебно за бекап на PC каде корисникот може да направи Restore на податоци во случаи и кога го нема физички својот компјутер.

Каде се лоцирани серверите и како се справувате со регулативите од типот на GDPR?

 B-Up нуди две можности каде корисниците бираат дали податоците се чуваат на EU Cloud (Amazon Ireland) или на МК Cloud (партнерство со Македонски Телеком).

Стандардната локација е EU Clould каде провајдер партнерот заедно со Amazon се GDPR compliant а постои и AES 256 end-to-end енкрипција на податоците што го прави трансферот на податоци посигурен.

Би напоменал еден факт кој јасно го кажуваме и на корисниците а тоа е фактот што ние немаме пристап до податоците. Иако ние се грижиме за успешноста на бекап сесиите и правиме секојдневно мониторирање, ние немаме преглед на содржината на податоците, бидејќи корисникот подесува CODE кој е “PRIVATE ENCRYPTION KEY” кој не се зачувува онлајн и само корисникот го знае. Тој CODE e дополнителна безбедност и е неопходен за враќање (Restore) на податоците на нова локација.

Што е разликата помеѓу 3-те пакета – DocuUP, DeskUP и ServerUP и кој пакет за кого е наменет?

 DocUp – носи продукт парола – “Keeps UP your Docs” кој се однесува само на документи каде автоматски, без сетирање ги идентификува сите документи од компјутерот, без разлика каде сè се зачувани, и прави безбедна копија секој ден.

Наменет за лица кои работат со документи, неопходно е да им се безбедно зачувани и а не сакаат да се грижат каде ги зачувале или мануелно да ги качуваат на сервер локација.

DeskUp – носи продукт мото – “Mirrors UP your PC” кој се однесува на компјутер (Windows, Mac, Linux) со можност за бекап на секаков вид на податоци, компјутерска конфигурација, програми со можност за подесување на фреквенција на бекап како и историја на чување.

Наменет за компании кои имаат компјутер на кој чуваат податоци и им служи како сервер и имаат задолжено вработен да прави мануелен бекап на екстерен HDD.

ServerUp – носи продукт мото – “Doubles UP your Security” и се однесува на Server, Виртуелен Сервер, бази на податоци (MS SQL, VM-ware, Hyper-V, MS Exchange) со можност за Bare Metal Recovery и Virtual DR.

Наменет за компании кои имаат сервери а сакаат да обезбедат поголема сигурност и редундантност без да инвестираат во дополнителна опрема.

Како се обезбедува безбедност на податоците што ги чувате и на кој начин ја гарантирате безбедноста, особено во ова време каде што секој се справува со предизвици од хакирање, ransomware и сл.?

 Како што спомнав претходно, достапноста ја гарантира провајдерот заедно со Amazon, каде самото решение нуди енкрипцијата и безбедност за трансферот на податоци а самиот корисник со “PRIVATE ENCRYPTION KEY” има дополнителна сигурност.

Во однос на хакирање и ransomware нема ултимативна заштита, но користењето на бекап значајно ја зголемува безбедноста во споредба со моменталната состојба на локален бекап или воопшто немање на бекап.

Софтверски решението има филтер за превенција од преземање на ризични податоци и фајлови но би напоменал дека секоја бекап сесија е посебно изолирана и доколку има Virus или Ransomware, корисникот може да направи Restore на податоците од претходната сесија кои не се заразени.

Која е предноста на користење за локалните корисници на бекап сервис за чување на податоци во Македонија, во споредба со останатите големи складишта?

 Во суштина, B-Up не е технолошка иновација и корисници можат да добијат сличен сервис доколку се малку технички пообразовани и имаат луксуз време кое би го трошеле од своите ресурси за оваа цел. Но е иновација од бизнис концепт која креира вредност за сегмент кој не е развиен и нуди едноставност на начин на Outsourcing IT партнер за бекап со локална поддршка 24/7. Поддршката е многу значајна за овој пазарен сегмент, каде корисници немаат искуство и немаат доверба.

Дополнително, B-Up нема за цел да работи сам на пазарот, напротив, тој функционира на принцип на партнерство каде сите би биле во win-win ситуација. Освен Amazon и Телеком како Cloud providers, ние градиме и партнерска мрежа каде склучуваме соработка со локални ИТ компании кои имаат свој бизнис и доверба од локалните компании во нивниот реон, за кои ова е дополнителен извор на приход, учење и можност за зголемување на својата репутација.  

Имаме и новитет во делот на плаќање каде за прв пат започнавме со нудење на услуга со месечна претплата преку платежна картичка (Recurring subscription). Тоа го направивме во соработка со Halkbank, со цел едноставност и лесно плаќање за нашите корисници. Тие можат да извршат купување од нашата веб страна, слично како што користат и други светски сервиси како Netflix и слично.

Кои се вашите очекувања од B-Up.mk во следните 2-3 години? Како очекувате да се развива овој сервис?

Иако амбициите ни се големи, очекувањата ни се реални и знаеме дека потребна е голема едукација на нашиот пазар за важноста од користење на бекап. За таа цел нашата компанија има меморандум за соработка со ФЕИТ за организирање на една програма од едукативен карактер во која можеби и вие (it.mk) ќе се пронајдете како соодветен медиум со цел да имаме поголем успех и придонес кон општеството :)

Поконкретно на вашето прашање, B-Up би се развивал во градење на една заедница на партнери и би го ширел користењето на овој продукт низ повеќе индустрии, секогаш попратено со воведување на нови методи на работа со цел едноставност и пријатно корисничко искуство. За 3 години од сега, нашата визија е да сме синоним и “Trusted Advisor” и омилен партнер за безбедно чување на дигитални податоци.     

2 коментари на “Интервју со Димитар Јаневски од B-Up – зошто да користите сервис за бекап?

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии