Ажурирајте го вашиот софтвер со IOBit Software Updater

За многумина, исклучително важно е да се користат најновите верзии на бројните софтверски апликации. Едни програми автоматски проверуваат за надополнувања и автоматски се ажурираат, но други програми или само ќе ве известат дека има понова верзија, или нема ни да го направат тоа, при што оставаат на вас правилно да се информирате и самите да го посетите официјалниот сајт, па од таму да ја преземете и инсталирате најновата верзија. Ух, кој има време за тоа?

IOBit Software Updater е едноставна и, пред сè, бесплатна алатка која целосно го скенира вашиот компјутер, бара неажурирани софтверски апликации и нуди листа од софтвер за кои има достапна понова верзија. Можете да одберете само одреден програм да ажурирате, а можете да ги ажурирате сите постари програми од еднаш, преку кликнување на копчето Update Now.

За подобра справување и ефикасност, можете да наместите IOBit Software Updater автоматски да надополнува програми, без да бара зелено светло од вас, или пак да игнорирате ажурирање на одредени програми за кои сакате да останат заклучени во моментната верзија.

IOBit Software Updater исто така ви дозволува да инсталирате директно преку неа одреден број на популарни програми.

1 коментар на “Ажурирајте го вашиот софтвер со IOBit Software Updater

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии