Awakening of Towers e вовед со првата српска МOBA игра; наскоро достапна и за Oculus Rift

Awakening of Heroes, српската MOBA игра за која веќе пишувавме, ќе има свој вовед со видеоиграта Awakening of Towers која исто така е креирана од белградскотот студио COFA Games. Awakening of Towers ќе треба да им овозможи на следните играчи на Awakening of Heroes да се запознаат со хероите во играта на уникатен начин. Во оваа игра играчите се во обратна улога, односно – кула, со која треба да ги поразат хероите кои напаѓаат.

„Додека во играчите во Awakening of Heroes управуваат со хероите кои со помош на миниони имаат задача да ја уништат непријателската кула, во Awakening of Towers играчите ќе добијат можност да бидат кула во борба против хероите“, вели директорот на COFA Games Никола Митиќ за Netokracija.

Играта веќе е достапна на Facebook, а девелоперите најавуваат и Oculus Rift поддршка кога ќе биде ова овозможено од друштвента мрежа. Десетмината лидери на неделната листа ќе бидат првите добитници на алфа клучеви за тестирање на Awakening of Heroes.

[youtube]RQa7BAzD3Ag[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии