Аwakening of Heroes е првата српска MOBA игра наменета за сите платформи и сите играчи

Белградскиот стартап Cofa Games ја објави својата нова игра Awakening of Heroes, мултиплеер сместен во дваесетите години од минатиот век во свет дизајниран во „теслапанк“ стилот. Awakening е MOBA игра, налик на League of Legends и Dota, но е далеку поедноставна игра, и наменета за сите видови играчи и за сите платформи, за десктоп компјутерите преку Facebook, таблет компјутерите и мобилните телефони. Целта на Cofa Games е да го донесе комплицираниот MOBA жанр, кој се игра од околу 80 милиони играчи во светот, до сите љубители на игри, не само до хардкор гејмерите.

„Како расте потреба за онлајн игри кои се подинамични, комплексни и повозбудливи за типичните Facebook жанрови, а кои од друга страна нема да бидат премногу сложени за играње, одлучивме да, со користење на напредна технологија, да им ја понудиме средината на љубителите на игри“, вели Никола Митиќ кој го води Cofa Games тимот.

Awakening of Heroes е прва српска MOBA игра, која во моментот се наоѓа во прототип фаза, и откако алфата ќе биде тестирана од волонтери тестери кои можат да се пријават на сајтот, ќе биде објавена и јавно. Cofa Games вели дека играта ќе биде бесплатна, и дека ќе може да се игра од било каде со интернет конекција благодарение на Unity 3D алатката.

[youtube]UIF_h5SyggA[/youtube]

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии