Awakener е интересна и бесплатна авантура

Времето на класичните point and click авантури се чини дека е одамна поминато, но, тука и таму ќе се провлече некој интересен, нов наслов. Awakener е освежителен пијалак за едно попладне, специјално подготвен за сите љубители на симпатична ретро графика.

Во Awakener играте со Фади, младо момче кое конечно има добиено дозвола да помине цел ден со неговата тетка Силвија. Арно но, тета Силвија има тони проблеми, сите од нив тесно поврзани со проблематичниот авантурист кој спие надвор од нејзината  куќа. Вашата мисија е да помогнете сè да си дојде на свое место така што ќе разговарате со најразлични ликови и ќе решавате предизвикувачки загатки. Во случај да сте играле класични point and click игри, тогаш ќе се чувствувате како дома со играва.

Awakener е достапна на платформата Ichi.io, но може да се игра и директно од вашата андроид напојувана направа.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии