Автопилотот на Tesla повторно предизвика сообраќајна незгода

Автоматското управување во Tesla беше причина за нова сообраќајна незгода. Сензорите на возилото не детектираа возило на патеката на Tesla, но од компанијата велат дека асистентот воопшто не требал да биде вклучен во овој период.

Компанијата нема план да го исклучи автоматското управување, но најавија дека наскоро ќе им објаснат на клиентите кога и како да ја користат оваа функционалност, откри Илон Маск во интервју за Wall Street Journal.

Возачот на Model X по вклучувањето на автопилотот неколку минути не ги ставил рацете на воланот. Ова е против упатството и правилата за користење. На местото на незгодата, патот е без поделена лента и поради ова возилото неколку пати го предупредило возачот да ги стави рацете на воланот. По излегување на друго возило пред Model X, автомобилот излетал од патот и се удрил во дрвен столб.

За среќа возачот и патникот се неповредени овој пат. Претходно возачот на Model S не ја преживеа несреќата. Tesla Motors сѐ уште се под истрага за претходната сообраќајка, за да се провери дали автопилотот е причина за несреќата во која загина 40-годишниот Tesla ентузијаст, Џошуа Браун.

Коментирај

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

You may use these HTML tags and attributes: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <s> <strike> <strong>

*

Слични статии